Српскиот магионичар го урна големиот „Реал Мадрид“, а дресот во кој го направи тоа го подари на навивачи на Војводина (фото)

 

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ синоќа ги полуде прескапите ѕвезди на „кралевите“, им продаваше мајстории „а ла Зинедин Зидан“, даде еден гол и заслужено го доби признанието – играч на мечот.

Но, Тадиќ освен што ги воодушеви навивачите на Ајакс, направи уште поголем потег кон свои сонародници од Нови Сад. Србинот е дете на новосадска Војводина, па после мечот на припадниците на навивачите на неговиот поранешен клуб им го подари дресот со кој го урна моќниот Реал.

Вообичаено, многу фудбалери после вакви историски настапи, дресот со кој оствариле победа за паметење го чуваат за себе, но не и Тадиќ. Тој се реши на поинаков потег, а сето тоа наиде на огромно воодушевување кај приврзаниците на Војводина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2019 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега