Во македонското Собрание има 15 Али Ахметовци
Во парламентот има 15 Али Ахметовци. Ваков одговор даде шеофт на кабинетот на лидерот на ДУИ, Артан Груби на новинарско прашање, зошто лидерот на неговата партија не се појавува во законодавниот дом.
-Во парламентот има 15 али-ахметовци. Претседателот Ахмети има и редовни разговори со претседателот на Владата Никола Груевски и заеднички се обидуваат да најдат решение. Дали е чашата полна или полупразна, зависи како се гледаат работите поврзани со преговорите. Сметаме дека има напредок во разговорите со Нимиц и затоа очекуваме интензивирање на разговорите со Грција во насока на решавање на спорот за имет, рече Груби.
29.09.2013 - 22:46