Домашен елискир кој ќе ја регенерира крвната слика
Намалување на нивотот на хемоглобинот во крвта, независно од бројот на црвените крвни зрнца, го намалува капацитетот крвта да пренесува кислород и доведува до анемија.
Во народната медицина има повеќе рецепти за зголемување на хемоглобинот во крвта.
За подготовка на овој кој ние ви го нудиме, потребно е:
200 милилитри мед
200 грама ореви
200 грама суво грозје
200 милилитри сок од морков
200 милилитри сок од цвекло
2 лимони
Измијте ги лимоните. Исечете ги на половина и извадете ги семките.
Измелете ја кората и ставете ги во таглена тегла.
Во смесата кај мелениот лимон додадете мед, цеден сок од цвекло и сок од морков. Измешајте.
После во оваа смеса додадете ситно исецкани или мелени ореви и суво грозје. И повторно се измешајте. Ќе добиете околу 1 килограм вкусна и здрава лековита смеса.
Чувајте го во стаклена тегла.
Земајте три пати дневно по една лажица пред јадење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа