Позната е казната за македонскиот фудбалер: Пандев одглуми прекршок, па ќе мора да плати

 

Поради обид да одглуми пенал, македонскиот фудбалски репрезентативец во дресот на Џенова, Горан Пандев беше казнет од Дисциплинската комисија при Италијанската фудбалска федерација со 2.000 евра.

Во победата на неговиот тим над Лацио (2:1) во меч од Калчото, Пандев во судиското продолжение се обиде да одглуми прекршок во противничкиот шеснаесетник за пенал.

Потегот беше санкциониран со жолт картон од судијата на натпреварот, а подоцна и од комисијата при фудбалската централа во Италија

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2019 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега