ФОТО: Охриѓанецот Осман на „Ол-Стар“ натпреварот ќе носи патики со македонско знаме
Кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман на Ол-стар мечот ќе се појави со специјално дизајнирани патики, на едната ќе го има знамето на Македонија а на другата знамето на Турција.
Убав гест на Џеди Осман. Кошаркарот на Кливленд, кој е роден во Охрид но ги брани боиите на Турција, од каде потекнува неговиот татко, реши на Ол-стар мечот во Шарлот да ги одбележи двете држави кои ги носи во срцето.
На мечот „зведите во подем“ кој ќе се одигра ноќеска, Џеди Осман ќе се појави со специјално дизајнирани патики. На едната ќе го има знамето на Македонија а на другата знамето на Турција.
Cedi Osman'ın bu gece Yükselen Yıldızlar maçında giyeceği ayakkabı!pic.twitter.com/M4CVhiIdW4
— MozartCultureSports (@mozartsports) February 15, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа