Скопјанец живеел од парите на студентите од „Пелагонија“
44 годишниот скопјанец М.Х. си заработи кривична пријава, поради сомнение дека извршил 10 кражби во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје и си заработил 238.000 денари.
Како што информираат од МВР, крадецот “делувал“ во домот од февруари до јуни годинава, и од собите на студентите крадел паричници, мобилни телефони, лап-топ компјутери, а потоа, ги продавал на непознати лица во скопска Кисела Вода. Во обид да ја изврши и својата 10-та кражба во „Пелагонија“, бил премногу бучен и разбудил еден од студентите кои спиеле во домот. Студентот пријавил во полиција, а полицијата го уловила упорниот крадец.
28.09.2013 - 12:29