Уживајте во викендот - следува сончево и топло време

И овој викенд ќе биде сончев и топол како претходниот. Утре во Македонија не очекува сончево време со умерена облачност и ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 14, а дневната од 24 до 31 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, сончево со умерена облачност и температури до 27 степени.

И во недела времето ќе биде сончево, со мала облачност, која ќе се зголемува во попладневните часови. температурите ќе достигнат до 30 степени.

 

27.09.2013 - 16:45

најчитано сега