Во Скопје ќе никнат нови градинки - градоначалниците го прифатија владиниот предлог

 

Градоначалниците ја прифатија препораката од Владата општините да предвидат што повеќе детски градинки во своите урбанистички планови. 

Како што информира Курир, ова денеска го изјавил градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

-Од сега па натаму детските градинки ќе може да се градат со јавно-приватно партнерство и со тоа да се зголеми капацитетот на детските градинки кои се во Скопје, истакна денеска таткото на Град Скопје.

Според Трајановски, сите присутни градоначалници дале согласност да се предложи закон со кој целокупната надлежност за давање на одобрение за поставување на урбана опрема.

-Со тоа сметаме дека ќе се направи поголем ред во поставувањето на урбаната опрема и ќе има еден одговорен, а тоа ќе биде Градот Скопје, подвлече Трајановски.

Градоначалниците денеска разговарале и за процентот на наплата на данок на имот од физички и правни лица. 

27.09.2013 - 16:39

најчитано сега