МВР од утре се подновува со уште 100 полициски возила

 

Утре Министерството за внатрешни работи ќе ги добие новите сто полициски возила „Шевролет Спарк“ од добавувачот “Авто Македонија“.

Цената на полициските возила кои МВР ги доби по тендерската постапка во јуни годинава, изнесува 45.353.800 денари. 

Од македонската полиција соопштуваат дека  новите возила ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи.

27.09.2013 - 16:03

најчитано сега