Викендов сончево од понеделник обилни врнежи

 

Времето викендот ќе биде сончево, стабилно и релативно топло со температура до 31 степен, соопшти УХМР.

Од почетокот на идната недела  ќе настапи промена, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а температурата ќе биде во опаѓање.

Промената на времето е поради влијанието на влажна и нестабилна маса од Медитеранот. Метеоролозите препорачуваат при појава на електрични празнаења поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 

Неделната временска прогноза проверете ја тука

27.09.2013 - 12:54

најчитано сега