Останал и без стан и без пари - итри струмичани измамиле сограѓанин

Четворица струмичани си заработија кривична пријава бидејќи измамиле свој сограѓанин.

Како што пренесува Нова Македонија, се работи за 37-годишниот Ј.Ј. 38-годишниот Ф.С. 72-годишниот Б.М. и 24-годишниот Д.Ј. кои лажеле дека се вработени во Министерството за транспорт и врски, па така измамиле сограѓанин дека ќе му најдат социјален стан.

Измамениот струмичанец на групата измамници им дал 5.000 евра, а откако сотанал и без пари и беа стан сфатил дека е измамен па случајот го пријавил во полиција.

27.09.2013 - 11:39

најчитано сега