Последната порака од фудбалерот:„Ако не слушнете ништо од мене за час и половина, ќе ви биде јасно што се случило“
Светот вчера беше шокиран од исчезнувањето на авионот во кој се возеше новото засилување на Кардиф, Емилијано Сала.
Официјална потврда за што се случило се уште нема, но со оглед на тоа колку време помина, шансите за добри вести се минимални. Клубовите се огласуваат, а навивачите се опростуваат од аргентинскиот напаѓач.
Во медиумите се појави и аудио снимка која фудбалерот ја испратил во „WhatsApp“ групата со играчите на Нант.
Сала во снимката иако со шеговит тон зборува дека авионот може да се сруши на парчиња. Откако се пошегувал им го порачал на играчите следното.
„Ако не слушнете ништо од мене за час, час ипол тогаш ќе ви биде јасно што се случило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа