Спорот за името тема на средбата Венизелос-Џон Кери

Синоќа грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос со американскиот државен секретар Џон Кери во Њујорк разговарал и за македонско-грчкиот спор со името.

На средбата Венизелос го информирал Кери за позициите на Атина за прашањето за името, како и за последните случувања во врска со Кипарскиот проблем. Повеќе детали од разговорите не се наведуваат. 

Инаку, Венизелос претходно имаше среда со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, по што македонскиот министер изјави дека Грција не е заинтересирана за решавање на спорот и оти меѓу ставовите на двете земји „има планини“.

 Венизелос, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, изјави дека Грција инсистира Македонија да го смени името, и тоа да важи во сите употреби, според грчката формула ерга омнес.

 

27.09.2013 - 09:24
Фото: 
Сител

најчитано сега