Готов за 15 минути: После овој рецепт ќе престанете да купувате леб од продавница

 

Нема ништо подобо од вкусен домашен леб.

Ниеден леб од продавница не може да го замени домашниот.

За овој домашен леб потребно ви е:

350 грама интегрално брашно

250 грама бело брашно

1 прашок за пециво

1 лажица мед

2 лажици сол

3 лажици маслиново масло

300 милилитри млака вода

Загрејте ја рерната на 250 степени Целзиусови. Измешајте ги сувите состојки, па додадете масло, вода и мед. Добро мешајте за смесата да се соедини. Поделете ја на два дела.

Ако е потребно додадете малку брашно за да може да го обликувате тестото. Ставете го лебот на тепсија прекриена со хартија за печење. Печете 15 минути, додека кората не стане цврста и кафеавкаста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега