Јанкулоска го стави планот за амортизација на јавен увид
Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, остро реагираше на изјавата на СДСМ.
Измислениот случај се претвара во скандалозно демаскирање на обидите за манипулации и огромен срам пред јавноста не само за портпаролот Петре Шилегов, туку и на целиот СДСМ кој уште еднаш е фатен како ги потценува граѓаните, реагира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на денешната прес - конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
- Сосем е разбирливо дека и на Шилегов му стана јасно дека ќе го загуби судскиот процес за изречените клевети и сосема е очекувано да го фаќа паника за штетите со кои ќе треба да го компензира неодговорно настапување. Го издава потребата да се дообјаснува и излезната стратегија да навлегува во се поголеми лаги и измислици, стои во писмената реакција.
Јанкулоска посочува дека тој веќе не ја спомнува лагата дека не постоел кредит, туку, подвлекува, сега навлегува во нова измама дека сум враќала по 3.500 евра месечно.
- Повторно лаже. Месечниот ануитет кој го исплаќаме заедно со мојот сопруг изнесува 550 евра во денарска противвредност. Познавањето на основните математички операции е личен проблем, како и континуираното заплеткување пред јавноста на секоја нова прес-конференција, се вели во реакцијата од Јанкулоска.
- Моја одговорност е на секоја лага и манипулација да одговарам со факти и документи. Затоа на јавен увид го ставам и планот за амортизација, истакнува министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.