СДСМ: Јанкулоска да си даде оставка или Груевски да ја разреши
Случајот станови на Јанкулоска се претвори во вистински СКАНДАЛ. Министерката згазна во жив песок, посебно откако таа самата објави документи за нејзината имотна состојба.
Госпоѓо Јанкулоска,
Според документите што ги покажавте, за становите вредни 200 илјади евра, сте подигнале кредит од Шпаркасе банка во вредност од 90 илјади евра. Кредитот сте го подигнале на 05 јануари 2012 година.
Денес, нецели две години оттогаш, од кредитот, за отплата Ви се останати уште само 15 илјади евра.
За година и 9 месеци сте вратиле 75 илјади евра?! Со две административни плати?!
Во Вашиот Анкетен лист објавен на официјалната страница на Антикорупциската комисија, под ставката долгови, пишува: Кредит од 14.747 евра.
Како Ви успеја министерке Јанкулоска? Враќате по 3 500 евра месечно? Како? Или на некој друг начин? Кој?
Што се однесува до тврдењето дека станот што сте го имале во 2006 сте го продале и сте го вложиле како учество при купувањето на становите од 200 илјади евра, треба да објасните како тие пари сте ги дале за учество во кредитот кога станот Ви е продаден на 27.03.2013 година, а становите Ви се пријавени во 2011.
Значи сте го продале ДВЕ ГОДИНИ откако сте се стекнале со двата стана вредни 200 илјади евра.
Друго прашање е што не се совпаѓа ниту квадратурата на становите, ниту времето кога се стекнати становите, ако се споредат Вашите документи, со официјално објавеното од Државната комисија за спречување на корупцијата, но за тоа ќе зборуваме понатаму.
СДСМ јасно и гласно Ве прашува: Како и кога се стекнавте со становите министерке Јанкулоска?!
Почитувани,
СДСМ ја повикува министерката Јанкулоска, за манипулациите со нејзината имотна состојба и нејасното богатење додека е на функцијата, да си поднесе оставка!
Пак прашуваме. Дали премиерот Груевски знаел за богатењето на неговата најблиска соработничка?
Го повикуваме Груевски, ако Јанкулоска не даде самата оставка, лично тој да ја разреши.