СДСМ: Заев ќе разговара со Груевски само на ТВ Дуел

 

Во Струмица, каде градоначалник е Зоран Заев, тендери се добиваат низ законска постапка, и ги добиваат оние што понудиле најниски услови на пазарот, факт што јавно го потврди и фирмата „АЛ-МАКС“ во сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Нема поголема дрскост, безобразлук и понижување на граѓаните од поставувањето на првите братучеди и кумот за контролори и трошачи на парите на граѓаните.

 

Во поновата политичка историја на Европа, ваков случај на непотизам не е забележан!

 

ВМРО-ДПМНЕ, за фирмите на Заеви ги вади истите документи со години наназад, пред секој изборен циклус.

 

Прашањето е кога господинот Никола Груевски ќе и одговори на јавноста:

 

Дали неговиот братучед, Сашо Мијалков заработил една милијарда евра на грбот на македонските граѓани?

 

И, дали тој, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во која што последниве 7 години се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?

 

Уште еднаш посочуваме, на темата чест и морал со Груевски во иднина Претседателот на СДСМ ќе разговара единствено на директно телевизиско соочување. Па нека проценат граѓаните чија одлика се честа и моралот. На Заев, или на Груевски.

(Интегрален текст од реакција на СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ)

26.09.2013 - 14:37

најчитано сега