Тажна вест: Почина легендарниот фудбалер кој го памети цела Југославија
Во Белград денеска почина легендарниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, Драгослав Шекуларац.
Тој беше втора најголема ѕвезда по славниот Рајко Митиќ. Веројатно беше еден од најдобрите дриблери на Југославија.
Бил постојан член на фудбалската репрезентација на Југославија, и во тоа време бил нејзни најдобар поединец. Одиграл 41 натпревари и постигнал шест голови за репрезентација на Југославија. По инцидентот на еден натпревар бил казнет со две години неиграње и со тоа кариерата нагло ја прекинал.
05.01.2019 - 10:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа