Советувањето со странските експерти за Кочани продолжува
Денеска во ФЗОМ директорот Сашо Клековски се сретрна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани за за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Инаку во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.
Разговарано е за потребите на повредените и кои се можностите. Овие естетско-функционални протези се наменети за специфични потреби, се прават скроено по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. На средбата било разгиварано и за финансирање од страна на Фондот, за што постојат искуства од Словенија и Хрватска.
Претходно фондот бил во комуникација со амбасадорката Симона Франкел, здравствените власти, како и докторите кои ги водеа тимовите од Израел за помош на повредените од Кочани, д-р Шахар Шапира од Шиба медицински центар и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ во Ерусалим, испратена е пораки за мир и безбедност. Тимовите од Израел што помогнаа по трагедијата во Кочани се безбедни, но моментално се ангажирани во третман на повредените од ракетните напади.
Тие упатуваат топли поздрави до повредените во Кочани и се посветени дека ќе дојдат да помогнат веднаш штом состојбата се стабилизира. Нивната помош за Кочани никогаш нема да ја заборавиме!
Продолжуваме со соработката со експерти за да обезбедиме најдобра здравствена заштита за повредените!-изјави директорот Сашо Клековски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа