Во рацете на МВР завршија 15 килограми марихуана
Охридската полиција вчера вечер во атарот на селото Љубаништа, открила и запленила околу 15 килограми опојна дрога марихуана.
Според информациите од полицијата, полициската акција била спроведена вчера околу 21 часот во пограничното планинско подрачје, на илегална патека која води од Албанија кон македонска територија и излегува на регионалниот пат Свети Наум - Охрид.
Полициските службеници вчера откриле девет пакувања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, а денеска, во оставена автомобилска гума пронашле уште седум пакувања од дрогата.
Според најавите, запленетата дрога ќе биде доставена на вештачење во МВР, а полицијата ќе трага по лицата кои синоќа ја пренесувале марихуаната.
26.09.2013 - 12:08