Домот ќе замириса на „Божиќ" - брзи ситни колачиња за малку пари
Божиќните празници ни се пред праг. Наскоро започнуваат подготовките на традиционални јадења како сарма, салати, специјалитети од месо, но и вкусни колачиња.
Воодушевете ги сите со овој сладок рецепт:
- 4 јајца
- малку ванила арома
- 200 гр кокос
- 100 гр шеќер
- 2-3 реда темно чоколадо
- Пенасто се матат жолчките со шеќер и ванила.
- Во смесата се додава и кокос, па се прави снег од белките настрана по што и тој се додава внатре.
- Со лажица или шприц се прават мали топчиња и се ставаат на хартија за печење. Можете да ги обликувате и во разни форми на модли.
- Се печат на 150 степени околу 20 минути.
- Се топи чоколадото и се става на дното на сад, па на него се ставаат колачињата.
Извор: Готви.мк
25.12.2018 - 18:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа