Непознати сторители му го запалиле автомобилот - прилепчанец остана без своето возило

Утринава е опожарено патничко моторно возило во Прилеп. 

Според податоците од полицијата, се работи за автомобил марка Форд Фокус во сопственост на 55-годишниот прилепчанец А.С. Возилото било опожарено утрово околу 4 часот, во дворот од куќата на прилепчанецот.

Возилото било запалено со помош на запалива течност.

Полицијата работи на откривање на сторителот.

25.09.2013 - 10:01
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега