Претседателот Иванов на спортско-културна манифестација во Дебар

Шефот на македонаката држава, Ѓорѓе Иванов, денеска ќе присуствува на спортско-културна манифестација која ќе се одржи во општина Дебар.

Претседателот Иванов е покровител на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот кој има за цел промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија. 

Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал“, во партнерство со општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце. 

25.09.2013 - 09:15

најчитано сега