Џејми Оливер откри единствен рецепт кој засекогаш ќе го употребувате - меки, сочни не се лепат
Ако сте во потрага за наједноставниот и проверен рецепт за палачинки, за да не си ја чукате главата со мерки, на вистинско место сте. Ви го претставуваме рецептот на славниот готвач Џејми Оливер, а тој тврди дека овој рецепт нема грешка и дека вака се прават најсочните и највкусните палачинки.
Неговата тајна е тоа што употребува путер и морска сол, наместо обичен зејтин и јајца.
Потребно ви е:
- 3 големи јајца
-125 грама брашно
-250 милилитри млеко
-путер
-морска сол
Во искршените јајца додајте брашно, млеко и прстофат морска сол, па сето тоа добро измешајте го. Оставете ја смесата да отстои 15 минути.
Во голема тефлон тава на средно силен оган растопете го путерот, па завртете ја тавата кружно, за путерот да се распореди.
Печете ги палачинките на вообичаен начин и служете ги со омилените додатоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа