Брзи уштипци за вечера - вечерва одвојте 5 минути и направете нешто превкусно а евтино
Направете си вкусен појадок, вечера, мезе за дома или ужина за работа.
Брзи уштипци кои ќе ги направите и во работен ден.
Потребни ви се 4 јајца, 1 шолја јогурт, 1 прашок за пециво, 20 лажици брашно, малку сол и масло за пржење.
Се матат јајцата со миксер, се става јогуртот и прашок за пециво измешан со брашното, па малку сол.
Се загрева масло на длабока тава, па се вади од смесата со лажица и се пржат уштипците.
Потоа, ставете ги на салфета да впијат маснотија.
Супер се за со сирење и јогурт.
07.11.2018 - 17:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа