Пратениците со полни раце работа

Македонското Собрание денеска треба да ја одржи 55-тата седница на чиј дневен ред е Предлог законот за правосудниот испит, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство.

Откако ќе заврши 55-тата седница, ќе започне и 69-тата седница на која пратениците ќе го разгледаат Барањето за давање автентично толкување на член 4, а во врска со член 18 став 6 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, поднесено од пратеник од опозицијата.

По завршувањето на седниците, пратениците ќе расправаат и по дневниот ред на 72-та седница каде меѓу другите точки е и Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, поднесен од повеќе пратеници од владеачката коалиција. 

Во рамки на седницата е и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка при изградбата на гасоводот - кракот на гас во Република Македонија, како и повеќе предлог закони во прво и второ читање и по скратена постапка. 

23.09.2013 - 08:44

најчитано сега