Дечињата од Аеродром ќе го одбележат Денот без автомобили
Децата од градинката „Срничка“ од општина Аеродром денеска со спортски и рекреативни игри на кејот од реката Вардар ќе го одбележат Денот без автомобили.
Како шшто информираат од Општина Аеродром, целта на оваа активност е на децата да им се пренесе пораката дека редовното одење во природа, дишењето чист воздух и рекреацијата, позитивно влијааат на нашето здравје.
Спортските активности се отворени и за другите заинтересирани деца кои сакаат да се забавуваат и рекреираат.
23.09.2013 - 08:35