Состанок за стратешки пристап во управувањето со хемикалиите

Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со UNEP, го организира Петтиот регионален состанок на земјите од Централна и Источна Европа за стратешки пристап во управувањето со хемикалиите. Состанокот ќе се одржува од денеска до 27. септември во Скопје.

Главна цел на состанокот е преглед на имплеменатацијата на стратешкиот пристап во управувањето со хемикалиите на меѓународно ниво, идентификација на регионалните приоритети и размена на искуства и информации за активностите спроведен на национално и регионално ниво. Првиот ден ќе биде посветен на хемикалиите кои предизвикуваат нарушувања на ендокриниот систем кај хуманата популација.

На состанокот, кој ќе го отвори замник-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, ќе учествуваат претставници од 14 земји од регионот и  од меѓународните организации и националните институции кои се вклучени во процесот на управување со хемикалии.

23.09.2013 - 08:24
Фото: 
www.moepp.gov.mk

најчитано сега