Брзи кифлички за 15 минути - евтин рецепт
Направете брзи и вкусни кифлички дома.
- 600 гр. брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 лажиче сол
- 100 мл. масло
- 200 гр. кисело млеко
- 200 мл. топло млеко
- 1 сув квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 јајце и сусам за горе
- Се меша брашното со прашок за пециво и сол, се додава масло и кисело млеко.
- Се меша убаво сместа.
- Се мешаат посебно млекото со сувиот квасец и шеќер, па се ставаат во готовата смеса.
- Се меси тесто и се дели на 4 дела, па се развлекуваат малку деловите, се сечат триголници и се виткаат кифлички.
- Премачкајте ги со јајце разматено и сусам по желба.
- Се оставаат на премачкан плех и се печат 15 минути на 180 степени.
Извор: Готви.мк
30.10.2018 - 18:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа