Ја знаете ли разликата меѓу зелените и црните маслинки - чувајте се од измами кога ги купувате

 

Пица без маслинки? Незамисливо! Но, црните маслинки можеби повеќе ги сакате од зелените, или можеби тие се всушност зелени, само обоени?

Бојата на маслинката нема никаква врска со тоа за кој вид се работи. Имено, зелените маслинки се набрани незрели и полека ја менуваат бојата созревајќи, од црвеносмеѓа до црна маслинка.Незрелите маслинки се цврсти со умерен вкус, додека црните се помеки. Но, зрели или незрели, штотуку набраните маслинки се ужасно горки.

За да го добијат овој препознатлив вкус, мораат со месеци да стојат во саламура. Но, има и произведувачи кои се служат со трикови за да го премостата предолгиот процес на созревање, па зелените маслинки ги бојат со дозволени вештачки бои.

Бојадисувањето на маслинките е законски дозволено, но тоа мора да се назначи на декларацијата на производот.

Постои уште еден начин да дознаете дали маслинката е созреана, а тоа се гледа по семката. Црната маслинка има црна семка.

 

 

 

 

26.10.2018 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега