Македонка ги испрала сите пари за местењето натпревари во Белгија - ова се деталите
Македонката Марија Богојевска е една од главните учесници во аферата која го потресе белгискиот фудбал. Во акцијата „Чисти раце“, која ја спроведе белгиската полиција и при која беа уапсени тренери, менаџер и други лица за вмешаност во перење пари, местење натпревари и финансиски малверзации, еден од главните актери е всушност Богојевска, пренесува порталот Спорт1.
Таа е девојка на еден од главните осомничени во аферата менаџерот Дејан Вељковиќ и „испрала“ два до три милиони евра за нејзиното момче, пишуваат белгиските медиуми.
Вељковиќ ја замолил Богојевска да отвори девизна сметка во банка во Белград за да и префрли пари. Овие пари менаџерот наводно сакал да ги сокрие од својата поранешна сопруга со која бил во разводна постапка. Македонката не се сомневала во намерите на нејзиниот дечко се до март оваа година, кога ја открила вистинската причина, зошто Вељковиќ и префрлил толку многу пари на сметка.
Таа при телефонски разговор и признала на својата мајка што прави Вељковиќ.
„Дејан ја користи мојата сметка да пере пари“, рекла Богојевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа