Трајановски: Пријателите седнуваат заедно на маса - тоа е целта на "Појадок на мост 2013"
Над 2500 граѓани на Скопје, утринава, на Камениот мост и на мостото Око, појадуваа и беа дел од традиционалната четврта по ред Манифестација „Појадок на мост “.
Покровител на настанот е таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто денеска појадуваше заедно со своите граѓани.
- Со особена чест и задоволство сакам да Ви посакам добредојде на четвртиот по ред ″Појадок на мост″.Со цел да излеземе во пресрет на големата заинтересираност за овој настан,оваа година го организираме на два моста и навистина сум среќен што секоја година имаме се повеќе посетители.Велат дека пријателите седнуваат заедно на маса, токму тоа е и целта на овој настан, граѓаните на Скопје, барем еднаш во годината да седнат заедно, да се дружат и да појадуваат заедно и тоа токму тука на мостовите во Скопје, коишто се симбол на соединување, зближување и обединување. Градот Скопје континуирано работи во насока на збогатување на културно – забавниот живот на граѓаните и посетителите на Градот Скопје, токму поради тоа овој настан се роди пред точно четири години. Оваа година сите заедно имаме една уникатна можност да уживаме на Камениот мост симболот на Градот Скопје но и на мостот Око кој преставува симбол на новото Скопје. Би сакал да ви се заблагодарам на сите вас коишто сте присутни, но и да изразам голема благодарност и до сите донатори коишто донираа храна, пијалоци и ја помогнаа реализацијата на „Појадок на мост“ со логистичка поддршка, истакна градоначалникот Трајановски.
Спонзори на Појадок на мост 2013 година се: Тинекс; Пелистерка; Пивара- Скопје; Здравје Радово; Римес; Жито леб; Специјал; Веро; Пекара „Вршник“; Винчини; Градска кафеана „Пелистер“; Италијански ресторан „Кај Џино“; Бимилк; Кожувчанка и Занаетчиската комора на Скопје.
Градот Скопје, од Буџетот годинава издвои 450.000 денари за реализација на на овој проект, но настанот е помогнат од најразлични донатори, ресторани, пекари, хипер маркети како и производители и увозници на храна и пијалоци кои традиционално донираат свои производи специјално за овој единствен настан од ваков тип во регионот.