За ова овошје ретко кој во Македонија знае: Старо е 5.000 години, а има најмоќни својства за јакнење имунитет

 

Амалаки, амла или индиско грозје (лат. Emblica officinalis) е едно од најпопуларните растенија на традиционалната ајурведска медицина. Во Индија се користи повеќе од 5000 години како еден од најмоќните природни лекови за зајакнување на имунитетот и подмладување на телото. На санскрит амалаки значи „оној кој одржува“. Според ајурведата, ова растение содржи пет видови вкусови: кисело, слатко, горчливо, луто и  горчливо-луто. Во Индија се смета за божествено растение. Погодно е за секоја сезона, за сите временски услови и за секој вид на телесна структура. Плодот на амалаки има неверојатни хранливи својства и се препорачува  против многу болести. Истражувањата покажале дека има антибактериски и антивирусни својства, поради што се смета за најдобар лек за подмладување на телото. Важи за еден од најдобрите извори на антиоксиданси и витамин Ц.  Богат е и со други важни состојки: флавоноиди, танини, полифеноли и минерали. Тој е моќен природен лек за сите видови воспаленија. Се користи при воспаление на дишните патишта, кашлица, воспалено грло и респираторни проблеми, вклучувајќи бронхитис и астма. Редовната консумација помага при чистење на телото од токсини. Особено ефективно се покажало при неутрализирање на последици од лекови за туберкулоза и други синтетички лекови кои го оштетуваат црниот дроб.

Izvor zdravlja, ali i lepote

Една јапонска студија покажала дека екстрактот од амалаки го потиснува растот на клетките на ракот во организмот. Исто така, содржи голем број на состојки кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и се корисни, не само за превенција, туку и за лекување на рак. Ова растение се покажа како ефикасен природен лек за лекување на воспаление на панкреасот, панкреатитис. Ги намалува болките, отоците и помага да се подобри функцијата на панкреасот. Помага во лачењето на инсулинот и го намалува нивото на шеќерот во крвта кај дијабетичарите. Богат е со хром, што е особено важно кај дијабетес  тип 2.

Традиционално, се користел во народната индиска медицина за ублажување на стомачни проблеми. Запира пролив, повраќање, грчеви и надуеност. Намалува чувство на киселост и олеснува горушица. Има корисен ефект врз целиот дигестивен систем. Освен што ги штити органите од слободните радикали и оксидативни оштетувања, има корисен ефект врз обновување на ткивото. Може да се најде во голем број на производи за нега и убавина, како што се шампони, креми и масла. Го негува скалпот и спречува губење на косата, исто така, го храни коренот и го стимулира растот. Се користи и како маска и природен балсам. Го забрзува процесот на обнова на клетките на кожата и поттикнува исцелување. Исто така, е ефикасно средство за сите видови на кожни воспалениа, се користи како природен третман за акни, мозолчниња и осип. 

 

 

 

18.10.2018 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега