ЦИА објави тајни документи од Балканот- еве што открила

 

Во документ на ЦИА од 19 декември 1991 година за проценките за идните движења во Југославија и БиХ се наведува дека признавањето на поранешните југословенски републики од страна на Германија и некои европски држави би можело да предизвика војна во Босна и Херцеговина и да се охрабри поделба на земјата меѓу Хрватска и Србија.

ЦИА објави околу 300 документи за периодот 1991 - 1995 година, кои во најголем дел се однесуваат на војните во БиХ и Хрватска. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон најави дека кон почеток на октомври ќе организира тркалезна маса по повод објавувањето на овие документи.

Во нив се гледа американската неодлучност за тоа дали да ја признаат независноста на Словенија и Хрватска, бидејќи верувале дека признавањето може да предизвика војна, а непризнавањето мислење на европските земји дека САД во растечката криза се држат на страна.

ЦИА наведува дека сценарио со најмалку насилство би било власта во БиХ да ја преземат умерените сили, кои преку преговори ќе ја поделат БиХ и деловите ќе ги приклучат кон Србија и Хрватска, а муслиманите би се приклучиле на Хрватска или би основале исламска држава од она што ќе остане.

„Перспективата за БиХ изгледа доста тмурно, па дури и ако Србија и Хрватска се договорат. Разузнавачките податоци покажуваат дека Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман се подготвени за приклучување на делови на БиХ кон нивните територии. Извештаите покажуваат дека тие двајца се цело време во контакт и покрај судирите. Летово Туѓман на германските политичари им рече дека БиХ е апсурдно преголема и оти тој е подготвен да ја подели“, наведува ЦИА.

 

Алија Изетбеговиќ, кого во 1991 година го нарекувале „умерен муслиман“ во 1995 година се залагал за исламска држава во БиХ и бидејќи не бил подготвен да прифати компликувана мултиетничка БиХ, во која сите страни би морале меѓусебе да ја делат моќта.

22.09.2013 - 10:27

најчитано сега