Започна „Појадок на мост“ - се очекуваат 2.500 посетители
Денеска 2.500 граѓани се дел од четвртиот „Појадок на мост“ кој се оддржува на два моста - на Камениот и на мостот Око.
Организатори на манифестацијата се Град Скопје и Средното угостителско училиште „Лазар Танев“. За да влезат, граѓаните мора со себе да го понесат и претходно обезбедениот бесплатен билет.
На двата моста ќе бидат поставени маси и столчиња. Манифестацијата ќе ја помогнат голем број донатори - ресторани, пекари, маркети, производители и увозници на храна и пијалаци. Појадокот се состои од сувомесни и млечни производи спакувано по ХАЦЦП стандардите. Оброкот ќе биде безбеден и прилагоден на условите каде што ќе се послужува.
Присутните гости ќе ги забавуваат улични музичари, а манифестацијата ќе трае до 11 часот.
22.09.2013 - 10:11
Фото:
Коолтура