Владиката Качавенда завршил во болница со мозочен удар
Српскиот владика Качавенда е префрлен во Ургентниот центар во Белград и денска треба да биде опериран, објави АТВ.
Српскиот владика Качавенда добил мозочен удар Денеска српскиот владика Качавенда треба да биде опериран.
Докторите од ургентниот центар се уште не можат да ја предвидат неговата здравствена состојба, но според некои информации тој наводно е свесен и комуницра со околината.
Новинарите на порталот Кликс тврдат дека според информациите од Ургентниот центар утрово во нивната установа не е примен Качавенда.
Во мај Српската првославна црква трајно го разреши дотогашниот владика зворничко-тузлански Василиј. Предходно во јавноста се појавија недолични видео снимки во кои и Качаванда учествувал.
На 6 ноември 2012 година побарал да се усвои неговата оставка од местото епископ поради здравствени причини, а Синодот на 22 април оваа година го разреши од должност.