Германската ѕвезда пристигна во Скопје: Дисингер на маса со Самсоненко
Македонскиот ракометен првак Вардар е на прагот да донесе големо засилување од Бундеслигата, во германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер, кој бил забележан во Скопје, во друштво на првиот човек на „црвено-црните“, пишува порталот Гол.мк.
Според информациите до кои дојде Гол.мк, ракометарот и газдата на клубот Сергеј Самсоненко имале состанок на кој се воделе преговори за трансфер на Дисингер во македонскиот ракометен гигант кој пред две години ја освои Лигата на шампионите.
Наводно, постои интерес и од двете страни за соработка, па останува да се договорат уште личните услови на Германецот кој пред неколку години се поврзуваше со трансфер во Вардар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа