Нова хит зимница подобра од ајвар и малиџано: Ловечка салата во тегли
СОСТОЈКИ:
- 1 л. доматно пире
- 2 кг. пиперки
- 500 гр. кромид
- 500 гр. морков
- 100 гр. сол
- 100 гр. шеќер
- 100 мл. јаболков оцет
- 2 лажици магдонос
- 1 ловоров лист
- 1 конзерванс
- 100 мл. масло
- 6 чешни лук
ПОДГОТОВКА:
- Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови и се меле лукот.
- По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер.
- Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.
- Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша.
- Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете 5 големи тегли и една мала.
- Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.
19.09.2018 - 13:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа