Контроверзниот српски владика Пахомие добивал и до 2.000 евра плата
Српскиот владика Пахомие, кој раководи со епархијата на Српската православна црква во Врање, земал плата од 210.000 српски динари (околу 2.000 евра), при што неговата плата била една од најголемите во државата, пишуваат српските медиуми.
- Владиката Пахомие за Божик и Велигден добивал и бонус во висина од 2.000 евра, а на својата сестра монахињата Павла, и дал плата во висина од 90.000 српски динари (околу 800 евра), пишува локалниот весник „Врањски“.
Тој е познат на јавноста и по педофилските скандали, за кои повеќе лица го тужеа за сексуално вознемирување додека биле малолетни. Судскиот процес, против него никогаш не беше целосно спроведен, објавуваат белградски медиуми.
20.09.2013 - 13:41
Фото:
А1.он