Елмас со прв погодок за Фенербахче, гол кој на турскиот гигант му донесе три бода
Големиот македонски фудбалски талент Елиф Елмас го постигна својот прв во дресот на Фенербахче во турската Супер Лига.
Елмас вчеравечер на дуелот со Коњаспор во игра влезе во 61.минута и по само шест минути поминати на теренот се запиша во листата на стрелците.
Голот на Елмас беше единствениот постигнат на средбата и значеше три бода за гостите од Истанбул.
17.090.2018-09:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа