Експлозија ја потресе Косовска Митровица
Изутринава непознати лица активираа експлозивна направа во близина на „Телекомот“ во северниот дел на Косовска Митровица, а за среќа нема повредени во инцидентот, јавува Танјуг.
Експлозијата се случила на 200 метри од главниот ибарски мост во мултиетничката населба Бошњачка махала.
Заменик регионалниот директор на Косовската полиција Ненад Ѓуриќ изјави дека експлозивната направа е фрлена врз една напуштена и разурната зграда која се наоѓа на неколку метри од зградата на Телекомот.
Ова е втор сериозен инцидент во последните 24 часа на северот на Косово, откако вчера во заседа беше убиен припадник на ЕУЛЕКС на патот Косовска Митровица-Рашка.
Припадниците на ЕУЛЕКС и Косовската полициска служба се наоѓаат на местото и во тек е увидот.
20.09.2013 - 10:06
Фото:
Региони.мк