Легендарниот хрватски коментатор под истрага на Фифа
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против познатиот новинар на Хрватската радио телевизија (ХРТ) Драго Чосиќ, под сомневање за препродажба на билети за финалето на СП меѓу Франција и на хрватската репрезентација, пренесува Индекс.
Според соопштението на ФИФА добил информации од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) за билети, според сериските броеви на ХРТ кои се појавиле на „црниот пазар“.
Од ХРТ беа изненадени од истрагата, бидејќи не знаеле дека некој во нивно име барал билети, кои се за финалето во Москва на црно достигнале 20.000 евра.
Истрагата покажа дека во името на ХРТ е побарано 40 билети и се сомнева дека тоа го сторил Чосиќ заедно со меѓународениот координатор Саша Дедиќ.
Идентично како и Фифа и ХРТ против нив покрена дисциплинска постапка која може да заврши со отказ, но и со парична казна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа