Се реконструираат улиците во Драчево
Екипи на фирмата Бауер БГ ДОО – Скопје почнаа машинско гребење и асфалтирање на ударни дупки на неколку сервисни улици во населбата Драчево. Изгребани се 400 метри квадратни асфалтна маса.
По машинското гребење, се извршило чистење, прскање и премачкување со емулзија, машинско набивање и пополнување со асфалтна маса. Поставени се околу 40 тони нова асфалтна маса.
Санација на ударните дупки се изведува и на улицата „Славка Димкова“ во Драчево. Од општина Кисела Вода апелираат граѓаните да ја избегнуваат за сообраќај оваа улица се до завршување на градежните работи.
19.09.2013 - 16:36
Фото:
Скопје инфо