Без „печи-гмечи“ како да не сте направиле зимница - еве го рецептот со кој се фалат домаќинките

 

Добро познат рецепт за вкусни везени пиперки, кои се наречени според начинот на подготовка „печи-гмечи“. Целата филозофија во правењето на овој рецепт е во топлите запечени пиперки, кои се гмечат- притискаат со толчник и се редат додека не се исполни теглата. Не треба да останува водзух меѓу нив, за да не се расипат. Затоа се притискаат многу силно. Од таму и името „печи-гмечи“.

Рецепт од ризницата на Мои Рецепти

Пиперките ги потпекуваме и ги затоплуваме. Во топли стерилни тегли се ставаат 5-6 пиперки, се прелеваат со оцет, се става 1 шака магдонос, прстофат лук и 1 лажичка сол. Веднаш се притискаат со толчник, убаво, целиот воздух да се истисне. Теглата ќе биде полна околу 1/3. Потоа се става 2 ред пиперки, исто одприлика 5-6, зависно од големината. Овој пат се става шака магдонос, прстофат лук, 2 лажици масло и 1 лажичка шеќер, се прелева со оцет и повторно се стискаат за да искочи воздухот и убаво да се нагмечат. Тогаш теглата ќе ви биде полна 2/3. Послениот пат дополнуваме со пиперки потпечени, убаво ги редиме и притискаме. До крај дополнуваме со оцет, да бидат покриени пиперките со течност, ставеме 1 лажичка сол, магдонос и лук и веднаш затвараме. Се редат теглите во поголема корпа, се мотаат во ќебе и се оставаат така замотани да се ладат до наредниот ден.

Ова е доза за 10 тегли. На секоја тегла иде 1 лажичка шеќер-во средина и 2 лажички сол, горе и доле. Користете големи тегли, од 750 мл.

Состојки

5 кг везени пиперки

2 китки магдонос - ситно сецкан

2 чешниња лук ситно сецкан

1,2 л јаболков оцет

300 мл масло

20 лажички сол

10 лажички шеќер

 

 

 

03.09.2018 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега