Готова за помалку од 30 минути: Шарлота торта без печење

 

Потребни состојки:

200 гр. пишкоти 

4 јајца 

250 гр. маргарин 

200 гр. печени несолени кикиритки 

100 гр. чоколадо 

150 гр. шеќер во прав 

150 мл. млеко за пишкотите 

1 ванилин шеќер

 

ПОДГОТОВКА:

Се делат белките и жолчките, па се става половина од шеќерот во прав во жолчките. Се матат со миксер, па се варат на пареа откако ќе се добие густа смеса. 

Се додава чоколадо додека се варат жолчките. 

Се матат белките со миксер, се додава останатиот шеќер во прав. Се мати маргаринот, па во него се додава оладеното чоколадо и се мати, а потоа се додаваат и сечените кикиритки. 

Повторно се убаво се мати. 

Потоа, чоколадната смеса се става постепено во белките, па се мати со миксер. 

Земете калап и ставете фолија, па ставете во млекото за пишкотите ванилин шеќер. 

Пишкотите се потопуваат во млекото и се редат по плехот. 

На средина се става филот, па се редат и горе потопени пишкоти. 

Се лади и украсува по желба. 

Напомена: Може наместо кикиритки да користите и лешници.

 

Повеќе рецепти можете да најдете на специјализираниот сајт за готвење Gotvi.mk

 

 

 

26.08.2018 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега