"Не ги погребувајте тие не се мртви!" - браќата ракометари испратени во нивниот вечен дом
Белград завиткан во црно. Голем број пријатели, роднини, како и претставници на РК„ Партизан“ и „Црвена Ѕвезда“ ги испратија браќата Игњат и Јеврем Поповиќ кои загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Ибарската магистрала.
-Зошто да ги погребуваме кога тие не се мртви? Сеуште ништо не готово, немојте да ги закопувате, викаше вчера низ солзи другарка на двајцата браќа ракометари на Партизан.
-Се е организирано за најдостоинствено да се испратат Игњат, Јеврем и Вукица. Тоа тие и го заслужуваа. Дури и митополитот ја одржа службата, но се тоа е џабе кога златните момчиња ги нема. Некој од нивните другари сеуште не можат да се помират со загубата, во болка раскажува роднина на момчињата.
Комеморацијата за настраданите браќа вчера беше одржана на стадионот Партизан: -Бевте прави јунаци на теренот, борци и соиграчи какви само може да се посака. Не постојат зборови со кои можеме да ја опишеме нашата тага и болка. Нашите тренинзи и натпревари повеќе нема да бидат исти без вас. Никогаш нема да ве заборавиме, а секоја следна утакмица и победа ви ја посветуваме на вас, рече еден од нивните клубски колеги.