Босанец загина во Сирија борејќи се против режимот на Асад

 

Државјанин на БиХ од околината на Зеница загинал во Сирија, борејќи се на страна на бунтовниците против режимот на Асад. 

Како што пренесуваат босанските медиуми, се работи за Дервиш Халиловиќ, кој го сменил своето име во Омар уште при пристапувањето во редовите на исламистичката единица „Бригадите Ел-Муџахид“, за време на војната во БиХ.

Халиловиќ е роден во 1972 година, а по Војната во БиХ „се вратил во цивилниот живот, занимавајќи се со различни работи и земјоделство за да му обезбеди егзистенција на своето семејство“, наведува Танјуг.

18.09.2013 - 15:55
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега