Стриптизетата Црна Мачка нападната среде бел ден во Скопје
Стриптизетата Црна Мачка вчера, среде бел ден, била нападната и ограбена кај трговскиот центар Лептокарија во Скопје, објавува Либертас.
Таа за Либертас раскажала дека ја нападнало непознато лице кое успеало да и ја украде чантата во која имала 300 евра и документи. Разбојникот, раскажува „Црна Мачка“, силно ја турнал и избегал. За среќа, мобилниот телефон бил кај неа во рака, па крадецот не успеал да го земе.
Луѓето кои го посведочиле инцидентот се стрчале кон разбојникот, но, тој успеал да избега. Црна Мачка ја пријавила кражбата во полиција.
18.09.2013 - 12:13
Фото:
tocka.com.mk