Притвор за шеснаестмина шпиони

Шеснаесетмина осомничени во акцијата „Шпион“ добија мерка притвор во траење од 30 дена. Истражниот судија, на еден од приведените му одреди домашен притвор поради неговата здравствена состојба. На тројцата осомничени кои не и се достапни на македонската полиција,  им е одреден притвор во отсуство и по нив е распишана потерница.

 

Седумнаесеттемината осомничени кривично ќе одговараат за злосторничко здружување, за шпионажа и за уцена. 

Судот донел одлука, истражниот процес да се одвива зад затворени врати поради доверливоста на дел од материјалите во предметот.
 
18.09.2013 - 09:29

најчитано сега