Трајановски Мурати и Митрoвски на дружба со пензионерите

 

Таткото на град Скопје, Коце Трајановски заедно со градоначалниците на Сарај и Ѓорче Петров, Беќим Мурати и Сокол Митровски, денеска  кај езерото Треска имаа средба со пензионери од град Скопје.

- Градот Скопје во изминатите години има остварено одлична соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и тоа преку заемно учество во реализација на различни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите.  Градоначалникот на СКопје посочи дека само во центарот во  Катланово во последните три години се вложено 1,5 милиони денари, а за 2014 се планирани уште 1.000.000 денари. Досега реновирано е фоајето на одморалиштето, комплетно се обновени ходниците на двата ката, а од средствата од 2012 година реновирани се бањите во собите на одморалиштето. Во дворот на објектот поставени се клупи и осветлување, а следната година ќе бидат обновени и бетонските патеки околу Рекреативниот центар.

Пензионерите добиваат и групен превоз на дестинации на подрачјето на Скопје и територијата на Македонија, во вкупен износ од 500 илјади денари, а имаат и бесплатен превоз  три дена во неделата – вторник, петок и сабота.  Градот издвои 26.000 денари за користење на Универзална сала за организирање на јубилејните десетти Републички ревии на песни, музика и игри на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје што се одржаа во 2012 година.

17.09.2013 - 15:29
Фото: 
Сител

најчитано сега